По апсењето на Џулијан Асанж, еМагазин во серијал Ве потсетува на најголемите откритија на Викиликс.
ХИЛАРИ ФАВОРИЗИРАНА ПРЕД БЕРНИ САНДЕРС
Во 2016 година Викиликс објави речиси 20.000 мејлови од вработени во Демократската национална комисија кои покажуваат дека комисијата ја фаворизирала Хилари Клинтон пред Берни Сандерс, другиот кандидат за претседател од Демократската партија, неколку месеци пред стартот на кампањата за претседател на САД.
По неколку месеци Викиликс објави и над 2.000 хакнати мејлови од претседателот на кампањата на Клинтон, Џон Подеста. Викиликс тврдеше дека има повеќе од 50.000 мејлови од Подеста.
Подоцна приказната со мејловите за Хилари стана кошмар, откако беше утврдено дека таа додека била државен секретар на САД за државни работи комуницирала со приватен мејл.
Оваа сознание добро го искористи нејзниот противкандидат за претседател од Републикантската партија, Доналд Трамп, кој стана претседател на САД.
Клинтон по апсењето на Асанж изјави дека тој „мора да одговора за она што го направи”.
Како што објасни, не е во прашање осуда на новинарството, туку фактот дека некој упаднал во воени компјутери и украл информации.
„Јасно е од обвинението дека не станува збор за казнување на новинарството, туку за помагање да се хакира воен компјутер за да се украдат информации од американската влада“, изјави Хилари.
„Суштината е дека тој мора да одговора за она што го направи, барем за она за што е обвинет“, изјави Клинтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По апсењето на Асанж: Што објави „Викиликс“ за Црвенковски, Груевски, Глигоров, Димитров…
Фото: cbsnews.com