„Алкалоид“ АД Скопје преку Македонската берза ги известува своите акционери дека почнувајќи од 22.05.2019 година ќе врши исплата на дивиденда за 2018 година.
„Право на исплата на дивиденда за 2018 година имаат сите акционери на „Алкалоид“ АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 23.04.2019 година.
Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2018 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 17.05.2019 година, на телефонскиот број 3104-252 – Реферат акционерство и имотни прашања“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Махери“ за извоз: Производите на „Алкалоид“ во САД, Русија, Британија, Германија…
„Тепачка“ за акциите на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ пред исплата на дивидендата
Алкалоид ќе дели дивиденда од 320 денари бруто за акција