Надворешната канцеларија криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ш.(28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.
На 29.11.2018 година во Гевгелија полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле хероин и предмети со остатоци од хероин.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.