еМагазин
Image default
Македонија

Цензусот главен проблем за изборите: За Ахмети прифатливо претседателот да се избира во Собранието

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека за нив е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори.

„Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано“, рече Ахмети во интервју за ТВ 21.

Ахмети кажа дека ДУИ стои зад кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Вели дека со тоа се гради нов концепт и прв пат има заедничка кандидатура што има поддршка и од македонските и од албанските политички сили.

Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште две деца заразени од мала сипаница, белгиската „Глаксо Смит Клајн“ ќе ги проверуваат нејзините вакцини во Македонија

Редакција

Седум новозаразени и пет оздравени од Ковид-19 во Кичево

Редакција

Во Велес четири нови случаи со Ковид-19, еден починат

Редакција