еМагазин
Image default
Убава приказна

Кнауф Академија Македонија: 25 години во чекор со светските трендови во градежништвото

Во Струга вчера традиционално по 25. пат се одржа Кнауф Академијата чија главна цел, иста како и на останатите настани, семинари и обуки организирани од тимот на Кнауф во Македонија во изминативе години е да се унапреди квалитетот на градењето, а следствено на тоа и да се подобратусловите вокои живеат и работат граѓаните на Македонија.

На овогодинешната Кнауф Академија присуствуваа професионалци од оваа сфера од Македонија, ноја посетија и соработници и партнери на Кнауф од земјите во регионот: Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Косово и Грција.

На овој настан учесниците имаа можност низ предавања и интерактивни работилници да се информираат за најактуелните трендови, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот Кнауф.Се разговараше за имплементирање на нови технологии и трендови базираниврз германски и светски стандарди.

Беа демонстрирани новитети од системите за сува градба, малтери, фасади, подови и други решенија од големата палета производи и системи од овој светски бренд во градежништвото.

„Ми претставува особена чест и задоволство што повторно и во поголем број присуствувате на оваа академија која што е еден вид платформа за комуникација со вас, изведувачи, архитекти, инвеститори, соработници и клиенти. Сакаме несебично да ви го пренесеме целото знаење кое што ние и нашиот тим го имаме стекнато низ овие 100 години поестоење, а јубилејни 25 во Македонија. Стотици инженери постојано работат на нови производи, нови решенија во градежништвото и истите несебично преку оваа платформа ќе ви ги пренесеме вам“, изјави Тодор Деловски – Регионалниот директор на Кнауф за Исток – Југозапад.

Академијата е практичен придонес на Кнауф и членките на групацијата Knauf Insulation и Aquapanelза постојана едукација и информирање во врска со најновите достигнувања во современото градежништво.

Академијата е веќе институција која несебично придонесува не само за развој во образовните институции (средно и високо образование) поврзани со градежништвото во Македонија, туку и на малите фирми и трговци – поединци преку разни обуки и советувања.

За таа цел, освен во Дебар, Кнауф од почетоците основа своја канцеларија и во Скопје чија цел е да помогне во напорите да се подигне нивото и стандардите за градежништвото во Македонија, редовно информирање за трендовите на градежниот бизнис во светот и советување на секој кому му е потребен совет при градењето. Токму ова го диференцира Кнауф од „обичните“ продавачи на градежни материјали.

Оваа година Кнауф одбележува 25 години од своето основање во Македонија која е една од 80-те земји од коишто Кнауф е дел. Денес Кнауф се смета за водечки производител на материјали и системи за градба како во Македонија така и на глобално ниво. Кнауф ги произведува и продава своите производи на 5 континенти во 220 свои фабрики со околу 28.000 вработени.

Во текот на своите речиси 100 години постоење Кнауф гледал на своите потрошувачи како на свои партнери. Поддршката и советувањето на сите наши купувачи и партнери има една цел: ако купувачот има идеја за градба или реновирање, Кнауф е тука да ја претвори тааидеја во реалност.

А доколку купувачот има предизвик, Кнауф со своето знаење, технологија, искуство и традиција сака да е дел од решението!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Oдбележани 25 години од „Пред дождот“

Редакција

Кој е Македонецот кој им е „прва помош“ на Србите за секоја неволја кога се на одмор на Халкидики

Редакција

(Фото) Северина настапи во ABC by Mosh: 70 концерти во 70 општини за 70 години постоење на „Пелистерка“

Редакција