еМагазин
Image default
Македонија

До обвинителствата нема пријави за нерегуларности на избирачкиот процес

До Јавното обвинителство засега не е пристигната ниту една пријава за нерегуларности на гласачкиот процес.

Како што соопшти претседателот на Комисијата за следење евентуални противправности, Џељаљ Бајрами, пријава нема ниту од граѓани, ниту од кој било друг.

-До овој момент изборниот процес се одвива мирно, без посериозни нарушувања. Ниту во Комисијата, ниту во основните обвинителства каде што има организирани дежурства, нема пријавен настан. Очекуваме дека така ќе продолжи до завршување на изборниот ден, изјави Бајрами.

Тој напомена дека во сите основни обвинителства низ земјава, покрај редовните, се организирани и дополнителни дежурства за следење на изборните активности и навремено постапување ако биде пријавен каков било случај или настан.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претреси низ повеќе локации во Скопје кај полицајци и припадници на затворската полиција

Редакција

Зголемување од 17,9%: За една недела нови 2.036 случаи на Ковид-19

Редакција

Зарко Милошевски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција