Со цел да им помогне на младите поподготвени да влезат во светот на личните финансии и да почнат да градат здрави финансиски навики, Комерцијална банка АД Скопје го иницираше проектот “Финансиска училница”, кој е дел од стратегијата на банката за општествена одговорност.
Вработени на банката веќе ги посетија средните училишта Јосип Броз Тито и Орце Николов во Скопје, каде еден училишен час беше претворен во Финансиска училница.
На ученици од трета и четврта година им беа презентирани основните карактеристики на финансиските производи, нивната практична примена и, секако, потенцијалните ризици од нивното користење.
Целта на „Финансиската училница” е да се запознаат младите со тоа како функционира текот на парите, зошто е важно да имаат сметка во банка, што значи штедењето за нивната финансиска независност, зошто треба да водат грижа за личните финансии и да имаат добар кредитен имиџ, дали кон платежната картичка треба да се однесуваат како кон обична пластика и какви предности нуди електронското банкарство.
Водени од девизата дека финансиската писменост е клучна за заштита на младите во моментот кога ќе станат корисници на финансиски услуги, вработени од Комерцијална банка АД Скопје во текот на годинава ќе одржат “Финансиска училница” во уште 10 средни училишта во Скопје.
Во втората фаза од реализацијата на проектот ќе бидат посетени и средни училишта од другите градови во земјава.
„Финансиската училница” ги едуцира младите за да им помогне да си обезбедат побезгрижна иднина и поквалитетен живот бидејќи финансиската благосостојба на секого зависи од него лично, иако многумина не веруваат во тоа.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА