еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кирацовски: Баба ми и сестра ми се повлекуваат од работните места

Пратеникот и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на Фејсбук соопшти дека неговата сестра и мајката на неговата сопруга се повлекуваат од работните места, откако за овие вработувања случај отвори и Антикорупциската комисија, а истите предизвикаа низа негативни реакции во јавноста.

“Јас бев првиот што јавно реагираше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агенеција за времени вработувања.

Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања.

Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука.

Привилегии, партизација и непотизам не се вредности на СДСМ, не се ниту ќе бидат мои вредности.
Очекувам Државната комисија за спречување на корупцијата да поведе постапка и за бројните партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ и непотизмот кој што го раширија до невидени размери.

Се друго би било дискриминација на граѓаните. Само така можеме да градиме праведно општество кое нуди фер шанса за секој наш граѓанин“, пишува Кирацовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски побарал од дедо му да си даде отказ

Мира „Дизел“, Кирацовски и СДСМ лидери: Кои 18 случаи ги отвори Антикорупциска

Твитер го „подбра“ Кирацовски, за изјавата дека вработувањето на дедо му не е „ништо особено„

Фото: Фејсбук/Кирацовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот студент Виктор Ивановски ја освои престижната „Annie“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Редакција

За што е обвинет таткото на Вања?

Редакција

Кај 25,8% од заболените од Ковид-19 не се регистрирани никакви симптоми

Редакција