еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Прва за Македонија: Активистката Ана Чоловиќ – Лешоска добитник на Голдманова награда за животна средина

Ана Чоловиќ – Лешоска е една од шесте добитници на престижната Голдманова награда за животна средина, која се доделува на активисти ширум светот за зачување на животната средина.

Наградата е позната и како „зелен“ Нобел.

Чоловиќ – Лешоска седум години ја водеше кампањата за стопирање на  меѓународното финансирање за две големи хидроцентрали планирани да се градат во најстариот и најголем национален парк на Северна Македонија – Маврово – и со тоа го заштити живеалиштето на речиси исчезнатиот Балкански рис, стои во обрзложението за наградата.

„Во 2015 година, Светската банка ги повлече финансиските средства за еден од хидроенергетските проекти, а во 2017 година Европската банка за обнова и развој го откажа својот заем за Владата на Северна Македонија и за втората хидроцентрала. Ова е прва Голдманова награда за животна средина за земјата“, велат од Goldman prize фондацијата.

Ана Чоловиќ – Лешоска има 39 години, и по професија е биолог.

„Беше мотивирана да ја штити животната средина и да ги вклучи нејзините сограѓани во тој процес. Таа е директор и основач на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест.

Еко-Свест е основана во 2002 година и работи за да ги заштити националните паркови и културното наследство на Северна Македонија од големите инфраструктурни проекти, да го охрабри учеството на граѓаните во стратегијата за енергетика и да промовира одржлив транспорт, управување со отпад и обновливи извори на енергија.

Чоловиќ – Лешоска е исто така поврзана со Bankwatch, коишто ги истражуваат инвестициите на јавните финансиски институции во развојни проекти“, велат од Фондацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања, порача Мицкоски од Брисел

Редакција

Убава вест: Оздравени 339 болни од Ковид-19

Редакција

Камо да се ангажираше Османи за македонските граѓани како за Морина

Редакција