еМагазин
Image default
Локално

Изменет сообраќаен режим во Скопје за Првомајскиот синдикален марш

Утре (01.05.) по повод празникот на трудот “1-ви Мај“, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршрута на движење на учесниците, информира МВР.

Имено, маршот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. “Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. “Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. “11-ти Октомври“, право по ул. “Димитрие Чуповски“, десно по ул. “Васил Главинов“, право по бул. “ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје.

Од тие причини сообраќајната полиција ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајниците во централното градско подрачје.

Воедно, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение за лихварство и изнуда, позајмил 20.000 евра барал да му вратат 120.000 евра

Редакција

Жена нападнала полицајка на скопскиот аеродром

Редакција

Тетовец пријавен за обљуба врз 15-годишно девојче

Редакција