На 30.04.2019 година во 21,30 часот било пријавено дека во Струга на крстосницата од улицата “Владо Малески“ со улицата “Ѓуро Салај“ патничко моторно возило “Пасат“ со струшки регистерски таблици управувано од Џ.Ф.(45) од с.Мислодежда удрило во пешак В.Ж.(69) од Струга, информира МВР.
Во незгодата пешакот се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.