еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Пендаровски: Ќе бидам претседател од кој нема да се срамите

На кристално чисти, фер, демократски избори победија граѓаните, свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите, рече вечерва Стево Пендаровски од партиското седиште на СДСМ каде што се славеше неговата изборна победа на претседателските избори.

Заедничка прес-конференцијата со следниот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

Во живо: Заедничка прес-конференцијата со следниот Претседател на Република Северна Македонија, Stevo Pendarovski, по завршување на вториот круг претседателски избори.

Posted by Zoran Zaev on Недела, 05 мај 2019

„Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединам нема да делам, ќе бидам фактор на стабилност не на кризи. Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам поддршка на Владата за важни прашања за граѓаните, ќе забележувам, сугерирам и критикувам секаде каде што може повеќе. Ќе бидам претседател на држава, од која нема да се срамите тука и во странство“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека исходот од овие избори значи загарантиран пат напред, како дел од ЕУ и НАТО.

Според премиерот Зоран Заев имавме успешни и демократски избори и во европски дух, избравме европски претседател.

„Имавме беспрекорно чисти избори во двата изборни круга. Покажавме дека сме подготвени за Европа. Од денес па натаму ништо не е исто. Никој не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Од пребројани 96,5 проценти од гласовите Пендаровски има над 423.000 гласа, а Гордана Силјановска Давкова 356.800 гласови. Разликата е повеќе од 55.000 гласови. Вечерва имаме и победа на градоначалничките избори во Охрид и Ново Село“, рече Заев.

Според него она што е важно за нашата земја е да стане полноправна членка на НАТО и да се почне со преговорите со ЕУ.

„Продолжуваме да ги насочиме парите кон граѓаните. Да се отстранат слабостите во владеењето, сите функционери мора да му служат на народот. Да се стави крај на поделбите внатре и надвор“, рече Заев во однос на тоа каде државата би се движила во иднина.

Фото/видео: Пендаровски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 194 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје 77

Редакција

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид ја прегазил жената која почина во сообраќајката кај Табановце

Редакција

Поранешниот државен јавен обвинител Марко Зврелевски сведочеше за „организаторите на 27 април“

Редакција