еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Експремиерот не мирува: Саемот за книга „збогатен“ со нова книга од Никола Груевски

Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа Ѓурѓа. Од утре, среда, 8-ми мај на Саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија, напиша поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил најавувајќи го новото издание.

Образложението Ви го пренесуваме во целост:

„Книгата ,,Искуства за иднината“ е всушност мојот докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Овој докторски труд го одбранив пред петчлена комисија на профе­сори: проф. д-р Методија Несторовски како претседател на комисијата, ина­ку мој ментор во времето кога го подготвував и одбранив магистерски­от труд, проф. д-р Михаил Петковски, ментор на овој докторски труд и рецензент на книгата, проф. д-р Живко Атанасовски, кој е исто така рецен­зент на оваа книга, проф. д-р Љубе Трпески и проф. д-р Владимир Фи­липовски. На сите им благодарам за поддршката, професионалниот однос и за соработка­та.

ПОЛИТИЧКИТЕ ОКОЛНОСТИ ВО ВРЕМЕТО НА ИЗДАВАЊЕ НА КНИГАТА

Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.

Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година. Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедува­ње и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето на
доктор­скиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата.

Но, кампањата на политичкиот прогон кон мене кулминираше есента 2018, а нејзините креатори толку многу брзаа да ме затворат и отстранат, користејќи лажни клевети и неосновани политички мотивирани обвиненија, што му одредија на судот кој им беше потчинет, да не ми дозволи време пред извршување на незаслужената санкција, околу два месеци колку што побарав, за да ги завршам спомнатите дополнувања кои пла­нирав да ги вметнам и кои сега, пред нејзиното издавање, веќе ги вмет­нав во книгата.

Впрочем, веројатно ќе го доловам можеби најголемиот дел од мотивот за политичкиот прогон против мене, ако само потенцирам дека докторскиот труд од кој произлегува оваа книга е завршен и одбранет пред струч­ната комисија во време кога сѐ уште мојата татковина во нејзиниот Устав се нарекуваше Република Македонија.

Книгата која произлегува од докторскиот труд се објавува кога веќе тоа име, на еден брутален и недемократски начин, со валкани уцени и притисоци, политички мотивира­ни обвиненија, монтирани судски процеси и апсења, а сето ова со под­дршка на силна медиумска кампања, е променето во Република Северна Македонија, заедно со бројни други чекори поврзани со идентитетот на Македонците, историјата на македонскиот народ, а во тој контекст и образованието и културата.

На крајот, врз основа на повеќе околности, кои подетално ќе бидат предмет на обработка во друга книга, произлезе и потребата да побарам политички азил во странство и сите тие историски збиднувања во Македонија го одложија издавањето на оваа книга.

Можам само да се заблагодарам на институциите на Република Ун­гарија, кои по деталните интервјуа и проверки по моето доаѓање тука, како независни институции на суверена држава, проценија дека има доволно причини да добијам заштита преку доделување на политички азил во согласност со меѓународните конвенции и унгарското законодавство како земја членка на Европската унија и на НАТО.

Без тоа, оваа книга, немаше да биде во Вашите раце“, образложи Груевски.

Никола Груевски е автор на книгата ,,Кон излезот-странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста” (2007) и коавтор е на книгата ,,Македонската економија на крстопат” (1998).

Фото: Фејсбук/Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети сведочеше за „Монструм“: Стравуваме да не дојде до судири и ескалација на состојбата

Редакција

На следното рочиште за „Титаник“ ќе сведочи и Заев

Редакција

Голема Богородица – 28 август, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Редакција