еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев, Џафери, Анѓушев, Шилегов… на ифтарска вечер организирана од македонско-турската стопанска комора

Премиерот Зоран Заев во друштво на вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи претседателот на Собранието, Талат Џафери, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов…, синоќа беше гостин на ифтарската вечера по повод светиот месец Рамазан, организирана од македонско-турската стопанска комора во земјава.

-Рамазанските пости се период кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување. Ве имам како семејство и ми претставува посебна чест што ме поканивте мене и владата да бидеме заедно со Вас кога ги исполнувате Вашите свети должности. Должности кои повикуваат на молитва за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе, истакнал Заев на вечерата.

Како што соопшти прес службата на Владата, премиерот порачал дека со секој ифтар за време на Рамазанскиот пост се стекнуваме со можност да ја негуваме нашата заедница, Република Северна Македонија, како една држава, едно семејство на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што како аманет ни ја оставија нашите претходни генерации.

Заев нагласил дека ова е уште една прилика да ги потврдиме и ги реафирмираме силните билатерални односи со Република Турција и потсетил дека само во периодот јануари – февруари 2019 во споредба со истиот период лани со Турција имаме зголемување на обемот на трговска размена за 10.7 проценти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги новите антикорупционери: Кој е новинарот Горан Трпеноски

Редакција

(Фото) Лиде Лиде конечно се запозна со министерот Филипче

Редакција

(Видео) Ердоган пристигна во Србија: Српската традиција и протестот на таксистите главен декор за пречек

Редакција