Облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, ќе биде времето во наредните денови. Како што информира УХМР, земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови.
-Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град, наведува Управата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.