еМагазин
Image default
Локално

Филмски случај во тетовско: Полицајци пукале откако сакал да ги прегази со џип

На 16.05.2019 година околу 19.00 часот, на земјен пат кон тетовското село Доброште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево забележале возило – џип марка “УАЗ“, со тетовски регистарски таблички управувано од А.А. (61) од Добриште при што дале знак за запирање на возило, информира МВР.

Возилото не застанало, продолжило со движење и се обидело да удри во полициските службеници. Тие успеале да се тргнат настрана, при што испукале предупредувачки куршум во воздух. Возилото побегнало од местото, но по преземени мерки, подоцна било пронајдено, натоварено со огревни дрва. Исто така, бил пронајден и А.А., кој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја убил со нож пред 5-годишната ќерка: Детали за убиството на жена во Скопје, која беше убиена од нејзиниот партнер

Редакција

(Фото) Бил полн со хартија: Изгоре камион кај Неготино

Редакција

Кокаин откриен кај двајца струмичани

Редакција