Во април, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити забележаа месечно зголемување од 1,2% и 0,7% соодветно, при годишно зголемување од 10,9% и 13,2%, соодветно, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Овој месец, автомобилските кредити забележаа месечно зголемување од 1,2%, при годишен раст од 2,4%, додека кредитите одобрени на кредитни картички на месечно и годишно ниво остварија намалување од 0,2% и 0,7% соодветно.
Во април, негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од 6,0%, а на годишна основа се зголемени за 1,1%, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен и годишен пад од 0,9% и 7,8%, соодветно.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.