еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска ќе ги испитува патните трошоци на пратениците

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе испитува како се трошат буџетските пари во државните и во јавните институции и друштва.

Во фокусот ќе биде Собранието, користењето на патни трошоци, ќе се испитуваат одлуките за користење службени возила, за репрезентации, надоместоци за превоз, за стан, за одвоен живот…

– Оваа првична анализа треба да покаже дали фактичката состојба за користење на овие привилегии е во согласност со досега пропишаната законска регулатива. Истражувањето ќе ни покаже какви се основите за понатаму да предложиме и промени во законската регулатива за да се намалат непродуктивните трошоци на буџетот, рече меѓу другото Биљана Ивановска, претседател на ДКСК.

Во рамки на Годишниот план за работа антикорупција ќе ги проверува и анкетните листови за имотната состојба на актуелните и министрите од претходниот владин состав, како и на сегашните и претходните народни пратеници.

По допрен глас од медиуми отворена е постапка и за вработување блиски лица во Министерството за локална самоуправа и за користење возила за приватни цели.

На седницата прекршочни пријави за недоставување или за задоцнето поднесување на анкетни листови беа покренати за 10 – тина декани на факултети на универзитетите во државата.

Отворен е и предмет за распределбата на стипендиите од страна на Министерството за образование.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска отвори уште еден предмет за в.д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска

Антикорупциска комисија иницира постапка за експретседателот на Кривичен суд Панчевски за вработување на неговиот внук

Антикорупциска ќе испитува како поранешните претседатели Иванов и Црвенковски ги избрале канцелариите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески и Пешевски на суд: Продолжува судењето за „Траекторија“ на СЈО

Редакција

(ВИДЕО) Сопственикот на „Беса транс“ бил како втор возач на еден од автобусите, вели Русковска

Редакција

На протестот пред Собранието приведени пет лица

Редакција