еМагазин
Image default
Локално

Момчето повредено од струен удар пратено на лекување во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот.

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати се во болницата Пирогов.

„Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување.

Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија во месец јануари 2019 година потпишаа Меморандум за соработка. Нашата држава има одлична соработка со болниците во Бугарија“, соопшти министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче доби изгореници од струен удар, во тек акција за транспорт и лекување во странство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дванаестмината повредени во несреќата во Велес, не се во животна опасност

Редакција

Кичевчанец со закана со нож ограбил обложувалница

Редакција

Полицајци нашле млад скопјанец на пат кај гробиштата во Драчево

Редакција