ФИЛМАЈ 2019 е прво издание на меѓународниот фестивал за краток филм „ФИЛМАЈ“ во организација на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.
Доделување на награди и фестивалска проекција на наградените и додатни издвоени филмови ќе биде на 29 мај 2019 (среда) во свечена сала на Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино „Напредок“) со почеток во 19:30 часот.
На овогодинешниот конкурс се пријавија 45 филма од 8 држави (Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Холандија, Турција и САД).
Трочленото жири составено од Ивица Димитријевиќ (актер, режисер), Мартин Иванов (монтажер, режисер) и Денковски Драган (почесен член на фото-кино клуб `Козјак` – Куманово) ги додели следниве признанија:
– награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија на Ото Ројшел (Otto Reuschel) за филмот „Риски“ (`RISKI`)
– награда „Радислав Ристевски“ за најдобра кинематографија за Росен Савков за филмот „Тими“ („Timmy“)
– награда „Козјак“ за најдобро сценарио за Лидија Мојсовска за „Награда“ („Тhe Award“).
Додатни дипломи за особено признание е одлучено да се додела на следниве филмови: `ХАКИЕ – ХАКИ . Живеејќи како маж` на Анабела Ангеловска, „Запирка“ на Сезер Салихи, „Мишко“ на Ханис Багашов, и „Заб“ на Ајдин Ислами.
Сите горенаведени седум филма ќе бидат прикажани во фестивалската вечер на 29 мај 2019 година.
Влезот ќе биде слободен (бесплатен) за сите посетители.