Никој од купувачите и од работниците во „Нефа“ нема да биде измамен и сите ќе си ги добијат парите, тврди рускиот инвеститор Андреј Ходашевиќ во соопштение до јавноста во Србија, пренесува српски „Блиц“.
Во соопштението до јавноста во Србија, Ходашевиќ ветува дека како сопственик на холдингот ќе обезбеди буџет за враќање на парите и оти до 31. мај ќе ги уплати парите на сметката на српската компанија, која сума, тврди, ќе биде доволна за да се вратат парите на тие што нарачале мебел и да се исплатат платите на вработените.
„Искрено се извинуваме поради стресот кој го претрпевте врз основа на медиумските објави за руски крадци и измамници“, пишува во писмото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку државата седи со скрстени раце, другите производители ќе го платат „цехот“ на „Нефа мебел“
(Видео) Кој стои зад измамата во „Нефа мебел“ која ја тресе Србија и Македонија?
Фото: Big fashion