Треба да се прави разлика меѓу термините разрешен, сменет и дадена оставка. Јас заедно со другите другари, потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарското прашање дали ќе поднесе оставка по вчерашното партиско разрешување.
– Уште пред седницата на Централниот одбор вчера истакнав дека наша задача како луѓе и победата која што ја имавме на претседателските избори да креираме внатре партиски политики што ќе верификуваат таква победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот и фашизмот што го промовира ДПМНЕ во изминатите 15 години, нагласи Шилегов кој денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на улицата „Димитриа Чуповски“ во центарот на Скопе.
Градоначалникот на Град Скопје рече дека оставка поднесуваат луѓе со интегритет.
– Политички интегритет покажавме сите ние кои што и ја дадовме таа оставка, затоа што во политиката ништо не е вечно, како дојдовме, така е и логично во еден даден момент да си одиме. Ако добро ги следите, а би сакал добро да ги следите, политиките што ги креирав и стратегиите што ги креирав во изминатата една и пол година како градоначалник за нашиот град, ќе видите и ќе знаете, така што креирањето на тие политики, реализцатијата на тие политики се нешта што допрва следуваат, заклучи Шилегов.
МИА/Фото: Град Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски, Шилегов, Бочварски, Манчевски, Зекири, Ременски „лоши“ за СДСМ, а за граѓаните?