еМагазин
Image default
Македонија

Венко Андоновски и Александар Ружин му станаа советници на Заев

Универзитетскиот професор Венко Андоновски и Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН, Нано Ружин, му станаа надворешни советници на премиерот Зоран Заев, објави Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија.

Ружин на Заев му дава совети за: „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) и Франција, а Андоновски бил ангажиран за проектот со наслов:„Осмислување на структурата и функцијата, изготвување и испитување конкретни можности на терен за отворање на државен Македонски центар за култура во Србија, велат за ИРЛ Македонија од Владата.

Андоновски има месечен надомест од 40.000 денари, а Ружин од 50.000 денари.

Бројот на надворешни соработници на Заев изнесува 39 лица. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници.

Целата сторија на ИРЛ Македонија, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новите советници на Заев, Ружин и Андоновски хит на Твитер

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

Редакција

Заев: Ќе го вратам мандатот ако нема датум за преговори со ЕУ

Редакција

Ганка Цветанова: Како да има датум за преговори кога вицепремиер индиректно се заканува со дестабилизација

Редакција