Двајца работници на возраст од 26 и 28 години загинаа утрово во несреќата во скопски Чаир.
-На 01.06.2019 околу 11 часот пријавено е дека на улицата Кемал Сејфула, спроти Поликлиника „Чаир“, при вршење ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, дошло до лизгање на земјиште и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот.
Две од затрупаните лица (26 и 28 години) починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ГОБ “Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
На местото на настанот испратени се екипи од ИМП и екипа од БППЗ. Смртта на починатите ја констатирале лекари од ИМП. Известени ЈО и трудов инспектор – велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за несреќата во Чаир: И таткото на загинатите браќа бил на местото каде се вршел ископот
Општина Чаир: Нема дозвола за ископ на земјиште на местото каде што загинаа двајца работници