еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) После палмите се отстрануваат и билбордите во Охрид

Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34), Општина Охрид ја започна најавената акција за отстранување на рекламните билборди кои се лоцирани во делови од централното градско подрачје и на крајбрежниот потег, во должина на кејот „Македонија”, информираат од Општината.

Во првиот дел од акцијата за отстранување, биле демонтирани вкупно 5 билборди, за кои во моментов нема активни договори за закуп на локациите.

„Во текот на наредниот период планирано е да бидат отстранети и останатите рекламни билборди, кои ја нарушуваат визурата кон потегот на Охридското Езеро и во потегот на стариот дел на Охрид“, велат од Општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„А корнење на дивоградбите?: Твитер реакции за вадењето на палмите во Охрид

(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид

Фото: Општина Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуда за изјавата на Касами од ЛДП и СДСМ

Редакција

Министерот Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Редакција

Поројни дождови во Кавадарци, пожарникарите испумпуваат вода од неколку критични места

Редакција