еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов: Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин

Лидерот на ВМРО и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов, ја критикуваше меѓусекторската комисија на Бугарија и Северна Македонија, која треба да ги расчисти историските и образовните прашања меѓу двете земји.

Тој тврди дека Комисијата „заглавила“ кога дошло на ред прашањето за животот и делото на Гоце Делчев.

Во соопштението до медиуми, ВМРО вели дека: „Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин, факт што бил очигледен, документиран и признат лично од него„.

Според Каракачанов, македонските политичари сугерирале Комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“.

На состанокот во Скопје во петокот, Комисијата расчисти со прашањата за античката историја.

Направен е сериозен исчекор за средновековната историја, а се разговараше и за заедничка прослава на Гоце Делчев.

Каракачанов вели дека како датум за заедничка прослава се предлага седми октомври, денот кога коските на Гоце Делчев биле предадени од страна на комунистичките власти во Софија на Скопје.

Според него, нема намера за заедничко одбележување на раѓањето и смртта на Делчев.

-За мене, ваквиот предлог е нескриен потсмев, што всушност го минира процесот на подобрување на односите меѓу двете земји. Досега, процесот со Скопје главно се должи на великодушноста на Софија и посветеноста на меѓународните фактори.

Но, очигледно е време Бугарија да ја зацврсти својата позиција, слично како што направи грчката страна, вели Каракачанов.

Скопје се надева дека работата на заедничката Комисија, како што оценува Каракачанов, ќе легитимира некаква компилација од измислици, испреплетена со научни факти.

-Ако продолжи ова, бугарската делегација мора да стане од масата со сите можни последици за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Вината за тоа нема да биде наша, рече Каракачанов.

Двајцата копретседатели на Комисијата, проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров, на 7 јуни објавија дека има „одредени места” во историјата на Гоце Делчев, за кои се согласуваат, но и такви за кои не се согласуваат.

Темата ќе се дискутира на состанокот на Комисијата во Софија во септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските и бугарските историчари се усогласија за антиката, за Гоце Делчев ставовите ќе се „пеглаат“ во септември

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК ќе формира комисија за увид во избирачкиот материјал од гласачко место 543 во Дебар

Редакција

Која е компанијата КМГ ЕОЛ Квазар од аферата „Броило“ на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Шахистите на ШК Алкалоид повторно со шампионските титули

Редакција