еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Групата „Ван Гог“ видео-спотот за „Готово е се“ го посветија на легендите Милена Дравиќ и Драган Николиќ

Групата „Ван Гог“ сними видеозапис за песната „Готово е се“ од нивниот последен студиски албум „Море без обала“.

„Ова видео е омаж на времето од кое доаѓаме, потврдувајќи дека вистинските вредности траат вечно. Идејата ни беше преку енергијата на движење да ги споиме минатото и сегашноста. За слика на минатото, природен избор ни беше серијата „Образ до образ“, она божествено, безвременско шоу, на кое се восхитувавме и радувавме, на магијата на Милена и Драган. Бескрајно сме му благодарни на режисерот Здравко Шотра и РТС, кои ни ја дадоа својата согласност за користење и емитување на материјалот“, вели Ѓуле од „Ван Гог“.

Тој додаде дека со ова видео испишуваат посвета на времето кое не се заборава, антологиското шоу „Образ до образ„ мајсторот на режијата Шотра, на легендите Милена Дравиќ и Драган Николиќ.

„И на сите Вам кои не прифаќате заборав!“, додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Бритни Спирс се омажи по третпат и го повтори бакнежот со Мадона

Редакција

(Фото) Со сечење на џиновската пастрмајлија и настап на Саша Ковачевиќ, Пајак и Лара, започна „Штипската пастрмајлијада“

Редакција

(Видео) Каролина Гочева одмара во Хрватска

Редакција