еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Туск до Пендаровски: Не сите земји членки на ЕУ се подготвени за одлука за датум наредните денови

Лично верувам дека е можна само една одлука – почнување на преговорите со Северна Македонија и со Албанија за членство во ЕУ според препораката на Европската комисија, истакна претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски во Брисел.

– Како претседател на Европскиот совет не сакам да прејудицирам. Направивте се што се очекуваше од вас, но да бидам искрен – не сите земји членки на ЕУ се подготвени да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во наредните денови.

Прашањето е не „дали“, туку „кога“ ќе почнат. Внимателен сум за ова прашање, бидејќи знам дека некогаш постигнувањето консензус меѓу 28-те земји членки трае подолго отколку што јас би сакал. Но, нема сомнеж дека местото на вашата земја и на регионот е во ЕУ, нагласи Туск.

Изборот на Пендаровски и неговата прва посета на Брисел, Туск ја оцени како високо симболични и извор на надеж за земјата и за целиот регион.

– Прво, Вашата неспорна изборна победа покажа нова верба на граѓаните и политичките сили во демократските процеси и создаде добра база за институционална стабилизација. Второ, изборите ја потврдија евроатланската ориентација на земјата. Изборите беа и референдум за меѓуетничкото помирување и добри односи со соседите и вие тој тест го поминавме успешно. Договорите со Бугарија и Грција се историски, и пример што треба да го следат и другите во регионот и пошироко.

Претседателот Пендаровски на прес-конференцијата кажа дека по исполнетите задачи, Северна македонија не бара незасужена награда, туку заслужена шанса да изградиме европска држава со праведно, хумано и напредно општество. Посочи дека членството во ЕУ и НАТО е стратешка определба на државата и на огромното мнозинство граѓани.

– Пред две недели го добивме најдобриот и најпозитивниот извештај на ЕК за нашата земја. Не само што добивме чиста препорака за почеток на прероговите туку бевме посочени како светол пример во Западен Балкан. Тоа го направивме со решавање на децениски прашања.

Донесовме храбри одлуки за многу чувствутелни прашања за нашите граѓани со цел да ја отстраниме најголемата пречка во процесот на зачленување и во ЕУ и во НАТО. Со договорот за добросоедство со Бугарија и со Спогодбата од Преспа се ослободивме од товарот во минатото.

Северна Македонија е единствената земја во регионот која веќе нема отворени прашања со соседите. Покрај тоа испорачување реформи во многу клучни области и се усогласуваме со политиката на ЕУ. Свесни сме дека се потребни уште реформи и оти имаме слабости, ни претстои многу работа. Но морам да истакнам една реалност – ние сме најефикасни кога пред нас имаме задачи, а преговорите за членство се најдобрата реформска алатка, истакна Пендаровски.

Потсети на улогата на земјата во справувањето со мигрантската криза во 2016, а со тоа и во зачувувањето на европската безбедност.

– Со тоа покажавме дека сме цврсти европски партнери. Овој јуни ЕУ има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на целиот наш регион – со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија, порача Пендаровски на заедничката прес-конференција со Туск.

МИА/Фото: Пендаровски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар

Редакција

За 2,7 милијарди евра Србија ќе купи 12 француски борбени авиони Рафал

Редакција

Едногодишниот Јаков Ампов има редок вид на леукемија, потребни се средства за трансплантација во Турција

Редакција