еМагазин
Image default
Локално

Реставрацијата на конаците на Трескавец е при крај, но треба да заврши проектот за водоснабдувањето

Во полн ек е обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец кај Прилеп кои треба да бидат готови до 21 септември или празникот Мала Богородица, кога е и слава на манастирот.

„За да биде се готово мора да биде завршен и проектот за водоснабдување на манастирот бидејќи без тој проект неможеме ниту да ги пуштиме во употреба конаците“, истакна отец Калист, монах кој живее на Трескавец.

Од Општината велат дека конкурирале со проект за водовод до Владата кој би чинел 6 милиони денари, но не знаат дали тој ќе биде прифатен. Исто така освен водоводот проблем е и изградбата на пречистителната станица.

Огромен проблем е и конзервацијата и реставрацијата на црквата која потекнува од 12 век. Нејзината заштита се најавува со години, но засега ништо од тоа. 800 години старото и непроценливо богатство се распаѓа пред нашите очи. Од Заводот и Музеј Прилеп велат дека годинава завршувале истражувачките работи, а в година конечно ќе се започнело со конзервацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопје Север“ го реши проблемот со снабдувањето со гас

Редакција

Мотоциклист удрил во велосипедист и побегнал

Редакција

Снимала видео за Тик-Ток: 17-годишна девојка се здобила со тешки изгореници, кога се качила над еден од вагоните на Железничката станица

Редакција