Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 29,3 милијарди денари.
Од нив, 11,5 милијарди денари се за објекти во индивидуална сопственост. Во текот на 2018 година се градени вкупно 2.209 објекти, а завршени се вкупно 3.437 станови со вкупна површина од 227.797 м2, од коишто 3 413 се во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на завршените станови е 66.3 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, во Источниот, итн.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322
Становите во Аеродром се продаваат како алва, најмногу се купуваат куќи во Велес