еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Становите во Аеродром се продаваат како алва, најмногу се купуваат куќи во Велес

Најголем број продадени станови во првите три месеци од 2019 година има во скопската општина Аеродром, односно во овој период се продадени 268 станови, додека пак најголем број продадени куќи има на територијата на општина Велес, односно во овој период се продадени 28 куќи, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.

Што се однесува до продажбата на деловниот простор, најмногу продажби се забележани на територијата на скопската општина Центар каде што се продадени 36 деловни простори.

Најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општина Чешиново Облешево со 108 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Прилеп со 48 продажби.

Во овој квартал се регистрирани и продажби на 20 индустриски објекти и тоа во поголем број на општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вања била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата ѝ биле врзани рацете и нозете

Редакција

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер

Редакција

Убава вест: Оздравени 573 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција