еМагазин
Image default
Свет

Директорот на „Боинг“ призна дека е направена грешка со системот за предупредување во пилотската кабина на „737 Макс“

Генералниот директор на „Боинг“, Денис Муленбург призна дека компанијата направила „грешка“ при ракување со проблематичниот систем за предупредување во пилотската кабина на авионот „737 Макс“, пред падот на два такви модела, при што загинаа 346 лица.

Муленбург вети транспарентност во работата на компанијата, во момент кога таа се обидува да го врати во воздух „737 Макс“, кој е приземјен претходно оваа година ширум светот.

На прес-конференција во Париз тој истакна дека комуникацијата на Боингот „не била конзистентна“, оценувајќи дека тоа е неприфатливо.

Американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство го обвини Боинг, бидејќи повеќе од една година не ги известил регулаторите дека индикаторот за безбедност во пилотската кабина на авионот не работел.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чини 190 евра: Од денеска тестирање за коронавирусот на аеродромот во Виена за да се избегне карантин

Редакција

Во нападите на Хамас загинаа најмалку 300 Израелци

Редакција

(Фото) Приднестровие – регион во Молдавија каде би можела да се прелее војната од Украина: Анализа на Гардијан

Редакција