еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Христијан Стојаноски-Крис преку моделингот ја „покори“ големата Индија

Едно од новите лице и машки модели од модната агенција „Моделс ИН“ кои работат интернационално е Христијан Стојаноски – Крис.

„Неочекувано брзо се случи неговиот пробив првенствено на локалната па понатаму и на интернационалната сцена. Клучниот момент беше неговата кампања за познатиот бренд Bitsiani која потоа му ги отвори вратите во модната индустрија, вели неговиот матичен агент Алек Наумовски за „еМагазин“.

Тој додава дека веднаш потоа потпишал договор со Fox Models од Белград каде се потрудиле да го пласираат на странските модни пазари.

„Во моментов Крис се наоѓа во Бангалор, Индија, но работеше и во многу други градови каде сликаше кампањи за познати светски брендови. Па така во неговото портфолио сега има каталози и кампањи за Tommy Hilfiger, Peter England, Nike, Adidas, Louis Philippe и други познати светски линии на облека.

Неговиот договор е до јуни оваа година со модната агенција Sky Models за потоа да направи мала пауза за летниот одмор, а веднаш потоа се спрема за новата сезона која стартува во септември.

Би сакале што повеќе да работи на интернационалната модна сцена бидејќи поседува се што треба да има еден успешен машки модел: пропорции, убавина, професионалност и дисциплина“, вели Наумовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ ќе набави 16,8 гигават часови електрична енергија за периодот од 7 до 13 ноември

Редакција

Власта се однесува како тврдоглаво дете кое ништо не слуша што му се кажува, вели Ивановска

Редакција

Во Софија нов состанок на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања

Редакција