еМагазин
Image default
Македонија

САД: Очекуваме ЕУ да донесе одлука за преговори со Северна Македонија годинава

САД силно веруваат дека Северна Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите што е можно поскоро, изјави денеска в.д. амбасадорката на САД во земјава Микаела Швајцер-Блум.

-Владата на Соединетите држави силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање на преговорите во најскоро можно време. Ние ја зедовме предвид изјавата од состанокот синоќа и сме охрабрени дека ЕУ ќе донесе одлука Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори оваа година, рече Швајцер-Блум во изјава за МРТВ во врска со пристапните преговори за земјата, објавена на фб-статусот на Американската амбасада.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, вчера во Луксембург донесоа одлука според која земјите членки на Унијата ќе се навратат на прашањето за отворањето преговори со земјава и Албанија најдоцна во октомври, 2019 година.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Најмногу за датум за нас се „бореa“ Грција, Австрија, Словенија

„Ќе се апси ли нешто до октомври или по одмори ќе се иде?„: Твитер реакции за недобивањето датум за преговори со ЕУ

Зошто Кипар се заканува со вето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 4 лица, 112 пациенти се на кислородна подршка

Редакција

Детален преглед: Кои се студентите што добија сместување во студентските домови?

Редакција

Османи: Очигледно во јавноста има одредено чувство за етничка пристрасност за судските одлуки

Редакција