Твитот на поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски за тоа кои земји биле за, а кои против да Македонија добие датум за старт на преговорите ги „запали“ социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста.
А на истиот, дипломатски реагираа и неколку министри за надворешни работи на земји членки на Европската Унија, кои биле на состанокот на кој се одредуваше судбината на земјата.
Ви пренесуваме дел од твитовите:
Ти бе душо треба да си поднесеш оставка зошто:
1. Тргуваше со името на нашата држава како да е кромид на пазар
2. Си ја вработи цела твоја фамилија
3. Нарачуваше лустрации по телефон
4. Осомничен си во СЈО
5. Шириш лажни вестиМалку ли причини де овие? pic.twitter.com/KdhfeRJAgP
— Dimko (@ddimkooooo) June 19, 2019
Значи поисправно е да лажеш јавност него да купуваш бело!?!
— i999y (@i999y) June 19, 2019
втор вмро пратеник фатен како продуцира (не шири – продуцира) фејк њуз за помалку од еден месец. и викате не се очајни вмро туку се враќаат на голема врата а :))
— Maximum Overtroll (@MaximOvertroll) June 19, 2019
Лајчек вели дека никој не бил против Македонија на министерскиот совет, 3 држави со официјален демант дека биле против или воздржани. Испаѓа дека Милошоски јавно и без грам срам шири дезинформации и лажни вести, свесно манипулира со јавноста и тоа за чии интереси? Оставка?
— Џиги (@dzigi7) June 20, 2019
антонио ширел фејк њуз за земјава? Каков шок и неверување. Никад не би рекла.
— Жaне oд кaдрoвo (@cccruella) June 19, 2019
Мојот твит за земјите кои биле против МК и АЛ да почнат преговори е заснован на изјави на политичари,новинари,дипломати. Но,прифаќам да поднесам оставка ден по поднесувањето оставка од страна на Заев,Бујар и Димитров кои во 2018 ширеа лажни вести дека МК добила датум за јуни 2019 pic.twitter.com/K2kulR24KI
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) June 19, 2019
Врв на кариерата на поранешен министер за надворешни работи е неговите лаги да ги демантираат актуелните шефови на дипломатиите! https://t.co/7OuSYTFO4d
— Andreja Stojkovski (@andrejas_mkd) June 19, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема правда, нема датум, нема ЕУ
Фото: Фејсбук/Милошоски