еМагазин
Image default
Локално

Маж и жена пронајдени починати во стан во Битола

Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител извршил увид во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

-Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место, стои во соопштението.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановчанец доби кривична пријава за дистрибуција на детска порнографија

Редакција

(Видео+фото) Охрид побеле од град: Силно невреме ги поплави улиците и предизвика штета

Редакција

Млада девојка од Пехчево со прострелна рана префрлена во Клиничкиот центар во Штип

Редакција