еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Владината реконструкција станува фијаско: „Метлата“ го зафати и Заев

Бурни реакции во јавноста предизвика одлуката на премиерот Зоран Заев да го повлече предлогот до Собранието со кој тој требаше истовремено да ја извршува и функцијата министер за финансии.

Уште поголеми се реакциите по најавата дека се додека не биде избран нов министер, тој сепак ќе раководи со министерството за финансии.

Сега се поставува прашањето зошто Заев го менува досегашниот министер Драган Тевдовски за кого вчера изјави дека е задоволен од неговата работа и дека ќе го задржи како советник.

Исто така се поставува прашањето, зошто Заев би раководел со министерството на финансии до изборот на нов министер кога Антикорупциската комисија порача дека премиерската и министерската функција се неспоиви.

Најголем се чини дека е прашалникот во однос на тоа дали премиерот при носењето на ваквите одлуки со некој од неговата долга листа советници се консултира околу правно-моралните, но и политичките последици што би можеле да следуваат од носењето вакви чекори.

Впечаток е дека по ваквата „пу пу, не важи политика“, граѓаните имаат се помалку доверба во тоа дека најавената „метла“ ќе даде суштински промени, бидејќи станува очигледно дека станува збор за избрзана шминка наместо неопходна владина реконструкција која би ги дала посакуваните резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Антикорупциска: Заев не може да биде премиер и министер за финансии

Заев: Задоволен сум од работата на Тевдовски, но јас сакам да спроведем храбри чекори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Редакција

(ВИДЕО) Трамп се врати во Белата куќа и ја извади маската: “Не плашете се од Ковид-19„

Редакција

Бугарското Министерство за одбрана во воените архиви ќе бара дали имало гробница на бугарски војници кај Кавадарци

Редакција