еМагазин
Image default
Македонија

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ

Доколку утре се одржат парламентарни избори, 25 отсто од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВМРО- ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 23,1 процент.

За ДУИ би гласале 5,1, за Алијанса за Албанците (АА) 4,2, а за БЕСА 2,1 отсто од граѓаните, покажа најновото истражување на М-Проспект, спроведено две години од мандатот на Владата.

Споредено со резултатите од пред една година, може да се забележи дека гласовите за СДСМ се намалени (25,5 отсто во 2018-та), а за ВМРО-ДПМНЕ се зголемени (20,6 во 2018-та).

Секој трети етнички Македонец би гласал за ВМРО-ДПМНЕ или 34 отсто, додека 26,6 проценти би гласале за СДСМ.

Од етничките Албанци 10,8 отсто би гласале за СДСМ, 22,6 за ДУИ, 19,3 за АА и 9,8 за БЕСА.

М-Проспект ја реализира истражувањето на јавното мислење во периодот 15 мај – 7
јуни 2019 година, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници постари од 18 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета: Секој трети граѓанин во Македонија нема доверба во ниту еден политичар

Анкета: 51,3% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата, 57,1% немаат доверба во СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред 2001 во семејството Ахмети имаше само сточари и земјоделци, на раб на егзистенција, вели внук на Али Ахмети

Редакција

Кој е Наќе Чулев, новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

Редакција

142 не ги почитувале решенијата: 2.424 лица во изолација во Гостивар и Тетово

Редакција