еМагазин
Image default
Бизнис

„Б92“: Се затвора пиварницата БИП на Свето Јаневски во Белград, 150 работници добиле откази

Телевизијата Б92 објави дека Белградската индустриска пиварница (БИП), која е во сопственост на македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, најверојатно набргу ќе биде затворена.

Утрово, без најава 150 работници добиле откази, а што ќе се случува со останатите, засега е неизвесно, објави телевизијата.

„Овде е тотален хаос. Луѓето добија откази. Во тек се состаноци на кои ќе дознаеме што ќе биде со останатите. Никој не знае што ќе се случи“, велат од обезбедувањето на БИП за „Б92“.

Тие велат дека состојбата е лоша веќе две години, а Јаневски кога го купил БИП во 2017 година, кога беше во стечај, им ветил дека ќе ја реши ситуацијата, но тоа не се случило.

„Македонецот вети дека ќе биде подобро кога дојде, а сега само заминува. Ништо не се знае“, вели соговорник за телевизијата.

Новинарите се обиделе да стапат во контакт со администрацијата на БИП, но никој не се јавувал на телефонските повици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабриката БИП потврди дека престанува со работа: Постојниот модел е е неодржлив

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со “Рикомак копир сервис“ вреден 863,4 илјади евра

Редакција

Граѓаните да не се изложуваат на трошоци за менување на денари во девизи, велат од банкарската Асоцијација

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на УЈП за набавка на гориво вреден 130.000 евра

Редакција