еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Избори во Грција: Ќе го почитува ли Нова демократија Договорот од Преспа доколку победи?

Грците денес гласаат на предвремените парламентарни избори, а според очекувањата најголеми шанси за победа има Нова демократија. Сега се поставува прашањето дали со евентуално паѓање на власта на Алексис Ципрас и Сириза може да дојде до промени во однос на Преспанскиот договор.

Нова демократија како влада нема да го оспори и ќе го почитува Договорот од Преспа, е ставот на експерти од Грција и Северна Македонија, во пресрет на денешните предвремени избори и сѐ поголемата веројатност кај јужниот сосед да има промена на власта.

Сепак тие потенцираат дека особено е важно и ќе одигра улога резултатот од изборите односно тоа дали Нова демократија ќе формира еднопартиска влада или ќе треба да бара коалиционен партнер.

Професорот од Универзитетот Македонија во Солун и виш научен соработник во фондацијата за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“ Јанис Армаколас изразува надеж дека нема да има промени во политиката и вели дека не е песимист, но за да биде оптимист ќе треба прво да ги види резултатите од изборите и како ќе функционира новата влада.

„Со Северна Македонија се надевам нема да има промени. Сметам дека поумерените сили од Нова демократија бараат можност, во суштина, да ја продолжат претходната политика. Но, сѐ ќе зависи од резултатите на изборите, ќе зависи од тоа кој ќе биде министер за надворешни работи, кои ќе бидат надлежни за прашањата во надворешната политика“, вели професорот Армаколас.

Со сличен став е и директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска која објаснува дека многу работи ќе зависат од тоа дали Грција ќе добие еднопартиска или коалициска влада.

„Прашањето кое веројатно сите го имаме на ум е колкав ќе биде процентот што сама ќе го добие Нова демократија или ќе ѝ биде потребно да направи коалиција, бидејќи и видот на коалицијата и коалицискиот партнер може да ја утврдат, односно да ја зајакнат или да ја омекнат позицијата и во однос на проширувањето на ЕУ и во однос на спроведувањето на Договорот од Преспа и во однос на нашата земја. Од дискусиите овде не се очекува дека Нова демократија директно, доколку има доволно простор, дека ќе го спори договорот“, вели Кацарска.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова демократија и неизлезноста победија во вториот круг од локалните избори во Грција

(Видео) Ќе стане ли Ципрас првата голема политичка жртва на Преспанскиот договор?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во првата половина од годинава, НЛБ Банка со раст на кредитната поддршка и силен придонес кон економијата

Редакција

Петиција „СТОП за пушењето во затворен простор“, до сега ја потпишале 4.000 граѓани

Редакција

(Фото) Ќерката на премиерот Заев со нејзиното момче, маскирани за Струмичкиот карневал

Редакција