Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која поднесе оставка од челната позиција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а на која по неколку часа од оставката, од Јавното обвинителство и беше одземен мобилниот телефон за да се провери евентуална поврзаност со првоосомничениот од случајот “Рекет“, не се појави на вчерашната прес-конференција, која ја држеше нејзината колешка Ленче Ристоска.
Непојавувањето на Јанева на прес-конференцијата, но и оградувањето во одговорите од страна на Ристоска за прашањата за Јанева и нејзината евентуална инволвираност во случајот “Рекет“, во кој првооосомничен е Бојан Јовановски (Боки 13), предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Еве дел од твитовите:
Јас додека чекам да заврши машината во која се пере новата ЈО маичка pic.twitter.com/tA5iVbWECl
— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) July 16, 2019
Издали ме пријатељи mp3
Ката остана сама 🐷🐷🐷 pic.twitter.com/UyExi8322Q— Црна Мачка (@crna__macka) July 16, 2019
Нека не се будали Ленче дека не бил загрозен интегритетот на СЈО, аферава требаше они да ја откријат од внатре и да пријават, после сите глупости со поплави, ослободувања, враќање пасоши и сл. А не да чекаат бизнисмени да се снимаат сами и да реагираат на рекетот.
— Ѓорѓи (@schteck) July 16, 2019
Ем само Катица потпишува ем СЈО не е само Катица. Не иде така другари.
— Бунева 13 (@PravednaTavita) July 16, 2019
Знаете зошто СЈО повеќе нема ни легитимитет ни кредибилитет? Затоа што сите одлуки излегуваат со потпис на Катица Јанева. После ова со рекетот, се замина во неповрат.
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) July 16, 2019
Катица не е "поединец" од СЈО. Сите дејствија ги правела службено, во име на СЈО. Да не била главен обвинител на СЈО – не ни можела да ги направи тие дејствија.
Тоа е исто како да кажете дека Претседателот на една држава е "поединец" од таа држава.
"Поединец" – на пазар.
— Fotograf (@zbiramfoto) July 16, 2019
и после Billions била нереална pic.twitter.com/pJk6hdYubP
— никола димчев (@Nikola_Dimcev) July 16, 2019
Нови маички дечки има pic.twitter.com/iWuBv6Mx49
— Кики (@akotiudramedna) July 15, 2019
Циркус држава, секој ден нова претстава, нов кловн, публиката останува иста.
— crvenokosata (@2eyeshadow) July 15, 2019
Ленче да ми ја оставите, другите нека одат
— Скрачи (@Skraci) July 15, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?
(Видео) Тимот на СЈО затечен: Никој не знаел за оставката на Катица Јанева
Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен
Фото: СЈО