еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен

Специјалната обвинителка Катица Јанева вчера си поднесе оставка од челната позиција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Неколку часа подоцна и беше одземен и мобилниот телефон за да се провери нејзината поврзаност со апсењето на Бојан Јовановски.

еМагазин го разгледа нејзниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала специјална обвинителка.

Каков имот има?

Според нејзиниот анкетен лист, таа на име на децата пријавила, два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни, стекнати со договор за подарок.

На свое име пријавила куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско.

На свое име пријавила и возило Ровер 45, а на име на децата возила Голф 4 и Ауди А6.

Пријавила и неколку денарски депозити и кредитни картички на свое име и на име на децата.

Интересен детал од нејзиниот анкетен лист е дека пријавила четири кредити, еден на име на децата, а три на свое име, кои се уште се исплаќаат.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одземен мобилниот на Катица Јанева

Катица Јанева си поднесе неотповиклива оставка

„Боки го уапсиле, Катица оставка, Заев вика на лидерска, Кочан не сака у затвор…;“: Твитер „поцрвене“

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода со Моден Викенд Скопје

Редакција

За тие што ќе летуваат во Грција: Буквално се е покачено

Редакција

Претседателот на НО на Макпетрол купи акции на компанијата

Редакција