еМагазин
Image default
Локално

Водата во Охридското Езеро исправна за капење и рекреација

Последните анализи спроведени од Центарот за јавно здравје во Охрид покажуваат дека водата во Охридското Езеро е безбедна за капење, спорт и рекреација.

Директорот на Центарот Сашо Точков појасни дека ситуацијата со микробиолошкото загадување на водата во делот на крајбрежјето на плажата кај вливот на реката Грашница е надмината, а анализите спроведени на 15 односно 17 јули покажуваат дека водата на тој дел од крајбрежјето е од втора категорија односно безбедна за капење.

– На местата каде претходно беше регистрирана трета класа сега водата е почиста односно од втора класа и може да се користи. За ова се известени инспекциските служби за да постапат по однос на воведената забрана, се надевам тоа да се реши деновиве. Делот кај река Грашница е повторно загаден, таму водата е од трета класа, но тој потег не се користи за капење. Во останатиот крајбрежен дел водата е од прва и втора класа, истакна Точков.

Според информациите од Центарот, нивни екипи вршат редовни контроли и на квалитетот на водата од јавните чешми, при што наодите покажуваат дека истата е исправна за пиење. Кај водата од „Билјанини извори“ забележлив е променлив карактер во квалитетот, но последните анализи покажуваат дека таа е безбедна за пиење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковид-19 против традицијата: Штипјани втора година по ред не се искачуваат на тврдината Исар

Редакција

Седум повредени во тежок судар меѓу „БМВ“ и „Пасат“ на патот Гостивар-Кичево

Редакција

(Фото) Луѓе си ги шампонираат косите во водите на Охридско Езеро

Редакција