Прашан за сучајот „Рекет“ и објавените инфрмации во медиумите дека Софија наводно бара да биде заштитен бизнисменот Орце Камчев кој е под истрага, премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС тврди дека такво нешто нема.
– Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев, кој е под истрага. Тој не би дозволил такво нешто, бидејќи тој е европски премиер и го почитува владеењето на правото. Ние сме европска земја и сакаме да зборуваме за иднината и да направиме модерна политика, заклучува Заев.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е таа пријателска земја што му помогнала на „рекетираниот“ бизнисмен во случајот „Рекет“?
Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?
Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?