Новинарите и вработените во „1ТВ“ синоќа се одјавија од програмата и заминаа на колективен одмор, со надеж дека повторно ќе се вратат.
“Можеби беше и последниот Дневник кој го гледавте на „1ТВ“. Најголемиот удар кој новинарството може да го доживее е згаснување на еден медиум.
Згаснување на јавен простор, за што веруваме дека никому не оди во прилог, особено не на државата која е пред портите на НАТО и ЕУ, односно највисокото ниво на демократски вредности.
Денеска, исправени пред предизвикот на овие тешки две недели за телевизијата, соочени сме дури и во вакви услови да не отстапиме од објективно и професионално известување.
Тимот на „1ТВ“ ги почитува сите новинарски стандарди и известува непристрасно. Гледачите беа сведоци дека „1ТВ“ ги изнесе сите информации во јавноста, дури и во услови кога иднината на телевизијата е загрозена. Сепак, случувањата поврзани со Бојан Јовановски, влијаат и на медиумот.
Да се надеваме, дека ова не е одјава, туку свеж почеток за рестартирање на „1ТВ““, соопштија од „1ТВ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како случајот „Рекет“ ќе влијае врз новинарите и вработените во телевизијата на Боки 13 „1ТВ“
фото: „1ТВ“