еМагазин
Image default
Локално

„Зачекори во Здраво Скопје“: Авантуристичка тура низ градот по повод 56 години од земјотресот

Во петок, 26 јули во организација на Издавачки центар ТРИ, ќе се одржи првата авантуристичка тура низ градот – „Зачекори во Здраво Скопје“, инспирирана од интерактивниот водич „Здраво Скопје“ од авторското дуо Кокидо, а по повод одбележување на 56 години од скопскиот земјотрес.

Во соработка со „Музеј на Град Скопје“, од каде доаѓа подготвен водич за да ги едуцира најмалите, и јавното претпријатие „ЈСП – Скопје“, кое обезбеди панорамски автобус за учесниците, предвидено е децата да го доживеат градот во едно несекојдневно и авантуристичко издание.

Карванот ќе посети 10 значајни и автентични локации, а ќе биде проследен со многу изненадувања, игри и забава. Зборно место е Фонтаната во Градскиот парк, а крајна дестинација е Музејот на Град Скопје. Целта на оваа авантура низ Градот е преку едукативна, забавна содржина најмалите да го запознаат градот од спомените на возрасните и да ја почувствуваат вистинската магија на Скопје.

Оваа тура е прва од низата настани во организација на Издавачки центар ТРИ посветени на главниот град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец со службен пиштол се распукал пред кафана во Крива Паланка

Редакција

40-годишник од Скопје пронајден мртов во објект во изградба

Редакција

Кривична пријава за шоферот кој возеше 13 мигранти во „Опел Астра“

Редакција