На ден 23.07.2019 година настанати се промени во органите на управување на „Скопски пазар“ АД Скопје, информира компанијата преку Македонската берза.
„Отповикани се и им престанува мандатот на следните членови на Управен одбор на Скопски пазар АД Скопје: Бобан Димоски и Снежана Ристова – Трифуноска.
За нови членови на Управниот одбор се избрани: Коце Јанески и Димитар Џеков.
Членовите на Надзорен одбор: Предраг Милосављевиќ – претседател , Ванчо Ачовски – независен член и Звонко Стојчев – член поднесоа неотповикливи оставки во членството на Надзорниот одбор на друштвото“, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми на „голема врата“ влегува во „Скопски пазар“
Промени во „Скопски пазар“: На вонредно Собрание ќе се именува нов Надзорен одбор
„Скопски пазар“ втор ден ја „тресе“ берзата: Продадени акции за 844.000 евра
„Скопски пазар“ ја „здрма“ берзата: Продадени акции за 1,5 милиони евра