еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР се „офајди“ од последната распределба на запленети возила

Владата на една од последните седници донела одлуки за давање согласност за отстапување на возила запленети во судски постапки на министерства, општини, здравствени установи и други институции.

Најмногу возила доби Министерството зa внатрешни работи на кое му беа отстапени „Рено 19“, „Фолксваген Голф 4“, „Фиат дукато 230Л“, „Џип Чироки“, „Мерцедес бенз“ и „Фолксваген транспортер“.

Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид доби  „Ауди А6“, Национални шуми П.О – Скопје доби товарно возила „Фап 13 ФФ“, Државното правобранителство доби „Ауди А4“, Општина Јегуновце доби „Ауди А4“, а Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот доби „Сузуки свифт“.

Истовремено, Владата ја задолжила Агенцијата за управување со одземен имот, да подготви и до Владата да достави информација во која во целост ќе се појасни начинот на бодување и критериумите со кои е извршено бодувањето на возилата и институциите, согласно правилникот за критериуми за отстапување на одземени предмети – возила со кои управува Агенцијата за управување со одземен имот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Кочо Анѓушев на тапет на Антикорупциска

Редакција

Убава вест: 450 оздравени од Ковид-19

Редакција

Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот

Редакција