еМагазин
Image default
Бизнис

Геополитичките тензии меѓу САД и Иран донесоа значителен пораст на цените на нафтата

Во второто тримесечје од 2019 година, цената на нафтата забележа значителен пораст во однос на цената во првото тримесечје од 2019 година, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај за август, годинава.

„Така, во овој период цената на нафтата (изразена во евра) изнесуваше 60,8 евра за барел, што претставува раст од 9,1% во однос на првиот квартал од 2019 година.

Ваквото нагорно придвижување е одраз на геополитичките тензии помеѓу САД и Иран, намаленото ниво на залихи на нафта во САД и одлуката на земјите од ОПЕК за понатамошно продолжување на договорот за намалување на производството на нафта. Од друга страна, гледано на годишно ниво, цената на нафтата изразена во евра забележа пад од 2,8%“, соопшти Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките можат да исплатат дивиденда, Народна банка го укина ограничувањето

Редакција

Тендер тежок 8.000.000 денари: МВР купува безбол капи за полицајците

Редакција

Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонска берза

Редакција