еМагазин
Image default
Балкан

Посебна комисија во име на грчката влада го следи спроведувањето на Договорот од Преспа

Грчката влада преку комисија го следи спроведувањето на Договорот од Преспа, откри алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Параполитика“, jави дописничката на МИА од Атина.

– Постои една комисија која што е за книгите, а од друга страна постои една комисија што во име на грчката влада, го следи проведувањето на овој договор, рече Варвициотис во интервјуто.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција додаде дека Договорот од Преспа е договор кој „не одговори на стандардите, на националните стандарди“ на грчката страна и објасни дека тие како влада, сега се справуваат со последиците, односно управуваат со спроведувањето на договорот и со „прашањето поврзано со грчките производи што го носат називот Македонија“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани македонските државјани потрошиле 114 милиони евра во Грција

Редакција

Путин во Белград на 14. средба со Вучиќ: Ќе го чуваат снајперисти, 7.000 полицајци, 250 руски специјалци и три српски мига

Редакција

Во Албанија за првпат троцифрена бројка на заразени со Ковид-19

Редакција